Филипче: И нудиме на опозицијата целосна контрола врз процесот за изградба на Клинички, опструкциите да престанат
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, ја повикува опозицијата во Собранието на РМ да ги повлече 2000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар. Во повеќе наврати досега и за време на собраниските комисии и на седниците за пратенички прашања Филипче и Владата и понудија на опозицијата собраниска комисија којашто ќе ја водат опозициски пратеници и ќе го контролираат процесот на градење, изведба и секој аспект од проектот за Клинички центар. Министерството за здравство ќе биде отстрана, и ќе и биде поддршка на опозицијата.
Целата постапка за новиот Клинички центар е јавна и транспарентна, доколку опозицијата не ги прифати овие предлози ќе биде јасно дека воопшто не станува збор за нивна недоверба или желба за унапредување на проектот, туку едноставно стратегија за блокади и некоструктивност која веќе предолго трае, смета Филипче.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек