Филипче: И децата кои немаат здравствено осигурување или немаат одбрано матичен лекар ќе може да се вакцинираат
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека родителите или старателите доколку наидат на потешкотии при пријавување на своето дете за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, треба да го проверат статусот на неговото евидентирање, односно дали тоа е осигуреник во базата на Фондот за здравствено осигурување.
Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, посочува министерот, исто така ќе може да се вакцинираат, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинацијата на деца.
Како што денеска информираше Филипче, сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата ќе биде отворен од денеска до четврток.
-Секој родител или старател кој сака да се вакцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе започне в петок. Во системот „Мој Термин“ веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12 до 16 години) кои сакаат да се вакцинираат, информираше Филипче.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
