Филипче: Граѓаните да се вакцинираат и да продолжат да ги почитуваат мерките
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека бројката на вкацинирани граѓани во текот на следните денови ќе биде се погоелма.
Тој денеска од Прилеп им порача на сите граѓани да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД зашто, како што рече, сега ситуацијата е многу ризична и критична, но и да се вакцинираат за имунизацијата да биде што помасовна.
-Согласно националната стратегија, како системот се уигрува досега немаше проблеми никаде во територијата на цела држава, ги скратуваме термините и бројката на вкацинирани граѓани во текот на следните денови ќе биде се поголема. Апелирам граѓаните да продлжат да ги почитуваат мерките, сега исклучително е ризична и критична ситуаицијата и секако да, согласно зголемувањето на достапноста на вакцините тоа да се прифати и да биде вакцинацијата што помасовна заради тоа што тоа е еден од главните инструменти во борбата против пандемијата, потенцира Филипче по отворањето на модуларната болница во Прилеп.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
