Филипче: Ги сменивме таканаречените лихварски договори за специјализантите
Државните специјализанти повеќе нема да бидат обврзани да плаќаат пет или 10 пати повисока сума, доколку порано ја напуштат установата која ги пратила на специјализација.
Со измените на ЗЗЗ кои вчера поминаа во Собрание, специјализантите ќе бидат обврзани да останат во установата колку што специјализирале, односно ако 6 години специјализирале толку и се обврзани да останат а не како сега 12 години.
За здруженијата на лекари и млади специјалузанти оваа мерка е добра, но не го подобрува стандардот на овој кадар.
Приватните специјализанти немаат платени придонеси и дежураат без пари, а дежурствата не се платени и кај голем дел од тие што се на државни специјализации.
Бараат во иднина дополнителни мерки и почитување на нивниот труд.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство