Филипче: Да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на социјалните мрежи изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од КОВИД-19.
– Изразувам искрено сочуство до семејството и најблиските на пациентката која почина од КОВИД-19. Денеска е трагичен ден за сите нас – коронавирусот ја зема и првата жрвта во нашата земја. Се работи за 57 годишна жена од Куманово, која докторите и покрај своите максимални напори не успеаа да ја спасат, пишува Филипче на својот фејсбук профил.
Министерот за здравство изразува надеж дека сите граѓани ќе ја разберат сзериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.
-Се надевам дека по овој трагичен случај сите граѓани, до еден, конечно ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме. Здравствените работници, Владата и сите државни служби прават сѐ во своја моќ да помогнат и ги преземаат сите потребни чекори. Но, сега, како никогаш досега, ни треба помош и од секој од вас. Апелирам повторно, да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи, напиша министерот за здравство на фејсбук.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември