Кошарка
4. November 2022 - 10:17

Филаделфија еден месец без повредениот Харден

Кошаркарот на НБА лигашот Филаделфија, Џејмс Харден (33) ќе отсуствува од теренот околу еден месец поради повреда на десното стапало, јавија денеска американските медиуми.

Харден се повреди за време на вчерашниот пораз од Вашингтон од 121-111.

Филаделфија, која пред стартот на сезоната се спомнуваше меѓу кандидатите за шампионската титула, играат под очекувањата и во моментов имаат ефект од четири победи и пет порази, а отсуството на десеткратниот Ол-стар учесник, трикратен најдобар стрелец во Лигата (2018, 2019, 2020) и МВП во сезоната 2017/18, е дополнително лоша вест.

Во првите девет натпревари сезонава Харден имаше просек од 22.0 поени, 10.0 асистенции и 7.0 скокови.