Свет
22. August 2017 - 9:15

Филаделфија: 33 повредени во судар на два воза

Еден воз се удри во друг воз во предградие на американскиот град Филаделфија, при што 33 патници се повредени.

Сударот се случи помеѓу брзиот воз во Нористаун, кој влегувал во станицата и празен воз, кој застанал на истата линија. Причините за инцидентот се испитуваат.

Повредените се однесени во болници, а четворица од нив се во тешка здравствена состојба.