Фил Колинс се враќа на музичката сцена
Легендарниот тапанар и фронтмен на некогашната група „Џенезис“, Фил Колинс, одлучи да го „прекине пензионерскиот живот“ и да се врати на музичката сцена.
Колинс (64), кој го издаде последниот албум за „Мотаун“ во 2010 година, но нема објавено нова песна уште од 2002 година, сега вели дека следниот месец ќе влезе во студио за да го реализира својот нов проект.
- Официјално повеќе не сум пензионер, изјави Фил Колинс за американското списание „Ролинг Стоун“, додавајќи дека „коњот е надвор од коњушницата и тој се подготвува да јава“.
Пејачот, тапанар и композитор се прослави со групата „Џенезис“, а подоцна својата популарност уште повеќе ја зголеми како солист, објавувајќи десетина големи светски хитови.
Во 2011 година Колинс одлучи целосно да се повлече од сцената и објави дека „заминува во пензија“ за да може да им се посвети на своите мали деца по разводот со неговата тогашна сопруга.
- Децата сега се пораснати и имаат десет и 14 години и тие сакаат да видат што нивниот татко може да направи, вели Колинс за „Ролинг Стоун“.
Во интервјуто за списанието тој открива дека инетнзивно размислува за турнеја со неговиот бендот.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка