Фудбал
6. April 2017 - 11:28

ФИФА: „Рисовите“ скокнаa 33 места во светскиот фудбал

По константното тонење фудбалската репрезентација на Македонија направи огромен скок на ФИФА рејтинг листата по двете победи во серија , против Лихтенштајн и Белорусија. 

Сега „рисовите“ се 133-ти во светот и од таа позиција ќе ја пречекаат Шпанија во јуни кога во Скопје го играат квалификацискиот дуел за СП.

Евентуална победа или нерешен резултат против „црвената фурија“ би ја вратил нашата репрезентација меѓу 100-те најдобри селекции во светскиот фудбал.