-->
-->
ФИФА: Противкандидат го оспорува кредибилитетот на Платини
-->
Потенцијалниот противкандидат за функцијата претседател на ФИФА Дејвид Накхид се сомнева во кредибилитетот на ривалот во претседателската трка, актуелниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини.
„Платини самиот се позиционираше како реформатор, но како е тоа можно? Како некој може да тврди дека е слободен и дека имам ‘чист’ образ кога е дел од кругот поради кој фудбалот падна на толку ниско ниво“, рекол Накхид во интервјуто за агенцијата АП.
Името на Платини не се поврзува со неодамнешните скандали во ФИФА, но тој 13 години беше член на Извршниот одбор на ФИФА. Платини неодамна го прекина пријателството со претседателот на ФИФА во заминување, Сеп Блатер, иако тој во 1998 година му помогна да дојде на претседателската функција.
Начинот на кој се однесува Платини го критикуваше и Чунг Монг-Јон, кој на почетокот на овој месец ја покрена кампањата за претседател на ФИФА.
„Во последно време стана модерно да се биде непријател на Блатер“, рекол Јон.
За разлика од Јужнокореецот кој едно време беше потпретседател на ФИФА, Накхид кој е од Тринидад и Тобаго никогаш немал никаква функција во светската фудбалска организација.
Доколку некој сака да стане претседателски кандидат мора да биде поддржан од најмалку пет национални сојузи, а Накхид тврди дека ја има поддршката на целата Карписка унија која има 25 членки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци