ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека се продадени повеќе од еден милион билети за Светското првенство, кое ќе се одржи идното лето во САД, Канада и Мексико.
Најголема побарувачка е регистрирана од навивачи во трите земји домаќини, а билети купиле навивачи од 212 различни држави и територии, иако досега се познати само 28 од 48 учесници на мундијалскиот турнир од 11 јуни до 19 јули идната година.
ФИФА објави дека Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Франција се меѓу првите 10 земји според бројот на купени билети.
„Додека националните тимови ширум светот се натпреваруваат за место на историското Светско првенство, воодушевен сум што толку многу фудбалски фанови сакаат да бидат дел од натпреварувањето во Северна Америка. Тоа е неверојатен одзив и прекрасен знак дека најголемото, најинклузивно Светско првенство во историјата ја освојува имагинацијата на навивачите“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
МИА
Ново на Сител
-
Излезноста до 17 часот на ниво на држава е 39,87%
-
Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин
-
Уапсен член на избирачки одбор во Чаир
-
Хамас: Пронајдовме тело на уште еден заложник, ќе го предадеме ако „дозволат условите“
-
Локални избори 2025, вести во 16:00 на Сител Телевизија
-
Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци
-
Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите
-
Израел започна воздушни напади врз централна Газа