-->
-->
ФИФА: Македонија пред Молдавија, Лихтенштајн и Андора
-->
Квалификациските порази против Израел и Италија и го донесоа на фудбалската репрезентација на Македонија најлошиот пласман на ФИФА ранг листата. Македонија на најновата листа на ФИФА се наоѓа на 155 место, најлошо во нејзината фудбалска историја.
Поразите во октомврискиот квалификациски циклус, од Израел (1-2) и Италија (2-3), придонесоа фудбалската репрезентација на Македонија да назадува девет позиции на ФИФА листата и од четвртокот таа да се наоѓа на 155 место.
Пред Македонија се наоѓаат егзотични земји, каде фудбалот нема некаква богата традиција (Гренада, Сао Томе и Принципе, Порто Рико, Маурициус, Лесото, Либан, ...).
Доколку, пак, би се направила само европска листа, зад Македонија има само седум репрезентации: Косово (164), Молдавија (173), Малта (178), Лихтенштајн (183), Сан Марино (201), Андора (203), Гибралтар (205).
Од противниците во квалификациската група за пласман на Светското првенство, Шпанија напредуваше едно место, Италија ја задржа позицијата од претходното рангирање, Албанија назадуваше за седум, а Лихтенштајн за едно место, додека Израел забележа скок од 19 позиции.
Шпанија е 10-та и е најдобро рангирана во квалификациската група, а потоа следуваат Италија (13), Албанија (47), Израел (79), Македонија (155), Лихтенштајн (183).
На врвот е Аргентина, Германија и Бразил напредуваа за по едно место и се на позициите два и три, Белгија е четврта и бележи пад за две места, а Колумбија е петта откако загуби една позиција. Во Топ 10 уште се Чиле, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија