ФИФА го прогласи Левандовски за фудбалер на 2021 година
– Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на 2021 година во изборот на ФИФА.
– Горд сум и среќен. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите. Оваа награда е за сите околу мене. Се што се случи минатата година, дека ќе го соборам бундеслигашкиот рекорд по постигнати голови, не се осмелив да сонувам. Да ми кажеше некој за ова пред неколку години, немаше да верувам, изјави Левандовски.
Триесет и тригодишниот Полјак ја освои наградата за најдобар во конкуренција на Лионел Меси (ПСЖ) и Мохамед Салах (Ливерпул).
На продолжениот список се најдоа и Карим Бензема (Реал Мадрид), Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Жоржињо, Нголо Канте (двајцата – Челзи), Килијан Мбапе и Нејмар (двајцата ПСЖ).
Ново на Сител
-
Под велешка „Агриа“ од патот излета автомобил, повредено 19 годишно момче
-
ЛШ: Ливерпул и Реал во битка за пехарот на УЕФА
-
Силно невреме во делови на земјата, ЦУК со предупредување до граѓаните
-
Приведен дилер од Куманово, одземени кокаин, марихуана и околу 50.000 денари
-
Во Враништа до електричен ормар пронајдено е починато лице
-
Денис Шмихал: Во Украина во моментот не функционира околу 25 отсто од економијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Хаваријата која се случи во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ
-
Во стампедо пред црква во Нигерија загинаа 31 лице