-->
-->
ФИФА ги одреди судиите за мундијалот во Катар, три дами на главната листа
-->
ФИФА назначи 36 главни судии, 69 помошници и 24 ВАР-судии за Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година. За прв пат во историјата на Светските првенства ќе судат и жени. ФИФА назначи шест женски судии , три од главната и исто толку од помошната листа.
Избраните судии претставуваат највисоко ниво на испитувања од шесте конфедерации на ФИФА, врз основа на нивниот квалитет и перформанси на турнирите на ФИФА, како и на други меѓународни и домашни натпреварувања во последните години, објави ФИФА од седиштетот во Нион.
„Како и секогаш, критериумот што го користевме беше „квалитетот на прво место“, а избраните според она што го покажаа се на топ ниво во светот“, рече претседателот на Комитетот за судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.
Проектот „Патот до Катар 2022“ започна во 2019 година, во кој беа вклучени повеќе од 50 судиски тројки кои поминаа низ интензивни подготовки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција