-->
-->
ФИФА бира нов претседател!
-->
Утрово во Цирих започна вонредниот конгрес на Светската фудбалска организација (ФИФА), на кој треба да биде избран новиот претседател на најмоќната спортска федерација во светот.
Најголеми фаворити за нов претседател на ФИФА се генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино и првиот човек на Азиската фудбалска федерација, шеикот од Бахреин, Салман Бин Ибрахим Ал-Калифа.
Покрај овие двајца, во претседателската трка учествуваат уште јорданскиот принц Али бин ал-Хусеин, Французинот Жером Шампањ и Јужноафриканецот Токио Сексвел.
ФИФА има 209 членки, но на вонредниот конгрес право на глас имаат 207, бидејќи Индонезија и Кувајт поради времените суспензии немаат право на глас. За победа на некој од кандидатите во првиот круг ќе му бидат потребни две третини од гласовите, односно најмалку 138 гласови, но според прогнозите минорни се шансите некој од кандидатите да биде избран во првиот круг.
Реално е новиот претседател да биде избран во некој од наредните кругови, кога за победа ќе бидат потребни најмалку 104 гласови.
Африка има 54 гласа, Европа 53, Азија 44, Северна и Средна Америка и Карибите (КОНКАКАФ Зона) 35, Океанија 11 и Јужна Америка 10 гласови.
Според познавачите на приликите во ФИФА, во пресрет на гласањето главните фаворити Инфантино и шеикот Ал-Калифа имаа поддршка од 90 национални сојузи. Наводно Инфантино ја има поддршката на европските, јужноамериканските и поголем дел од националните федерации во КОНКАКАФ Зоната, додека за Ал-Калифа ја има поддршката на поголемиот дел од членките на азиската и африканската федерација.
На конгресот треба да биде усвоен и пакетот реформи кој на ФИФА ќе ѝ го врати угледот, кој е компромитиран со корупциските афери, кога американски ФБИ и швајцарските власти уапсија голем број високи функционери на организацијата.
ФИФА целиот Конгрес, а потоа и прес-конференцијата по изборите, во живо ќе ги пренесува на канал на Youtube.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ризикот да се загине на патиштата во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот во ЕУ
-
Кина очекува прифатливо решение за сите страни во војната во Украина
-
Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач
-
На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
-
ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил - бомба на Кримскиот мост
-
Кина постави обемен ВИ-модел на Кинеската вселенска станица
-
ПОЦ: Минатата недела санкционирани се 103 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје