-->
-->
ФИФА бара доживотна суспензија за Платини?!
-->
Адвокатот на претседателот на УЕФА, Мишел Платини изјави дека ФИФА побарала доживотна суспензија за неговиот клиент.
Првиот човек на Европската куќа на фудбалот во моментот ја одработува суспензијата од 90 дена поради вмешаност во корупциски скандал откако е откриено дека примил два милиони евра за советување на првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер кој исто така е под суспензија и се наоѓа во средиштето на истрагата поради големите скандали во својата организација.
Правниот застапник на Платини, Тибо Д’ Алес го нарече барањето на ФИФА за доживотна суспензија „скандал и непотребно претерување“.
Од друга страна, застапниците на Блатер не сакаа да ги коментираа овие наводи и шпекулациите дека постои идентичен предлог и за нивниот клиент.
ФИФА по повод целиот случај отвори истрага во понеделникот а конечната долука би требало да биде позната следниот месец. Блатер во меѓувреме ја повлече кандидатурата за нов мандат додека кандидатурата на Платини е замрзната додека не се заврши истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование