Фицо предупредува на тешки последици од прекинот на транзитот на руски гас преку Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска предупреди на тешки последици откако Киев и Москва потврдија дека е прекината испораката на руски гас во Европа преку Украина.
- Прекинување на транзитот на гас низ Украина ќе има драстично влијание врз сите нас во ЕУ, не само врз Руската Федерација, рече тој во видеото објавено на Фејсбук.
Од друга страна, полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски го поздрави прекинот на транзитот на руски гас преку Украина, оценувајќи дека тоа е „уште една победа“ во однос на Москва.
Прекинувањето на капацитетот на Москва да испорачува гас директно до ЕУ е „нова победа по проширувањето на НАТО во Финска и Шведска“, напиша Шикорски на „Х“.
Киев и Москва во две одделни соопштенија потврдија дека испораките на руски гас преку Украина утринава дефинитивно се прекинати, по истекот на петгодишниот договор што двете страни го потпишаа на крајот на 2019 година.
Во последните недели Унгарија и Словачка се жалеа дека гасот ќе им биде прекинат на 31 декември без можни алтернативи.
Словачкиот премиер Фицо, кој е близок со Владимир Путин и чија земја е многу зависна од испораките на руски гас, на 22 декември отиде во Москва за да се обиде да најде решение за ситуацијата.
Неговата ненајавена посета го налути украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини Фицо дека сака „да му помогне на Путин“.
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка