Фицо: ЕУ мора да ги елиминира бирократијата и елитизмот
Словачкиот премиер Роберт Фицо смета дека Европската унија мора да се ослободи од елитизмот и неразбирливите работи за обичниот човек, оценувајќи дека луѓето често ЕУ ја гледаат како нешто далечно од проблемите на обичните граѓани, јави дописникот на МИА од Прага.
- ЕУ мора поубаво да ги слуша критичките гласови. Мора да биде поеластична, помалку бирократска и да ги забележува различностите, ја пренесоа локалните медиуми изјавата Фицо во Стразбур.
Фицо додаде дека неодамнешната одлука на Велика Британија да ја напушти ЕУ, го рефлектира неуспехот на Унијата разбирливо да ги пренесе своите конкретни придобивки за граѓаните.
Тој потсети дека можност за дискусии за новата визија за Унијата е неформалниот Самит на 27-те земји членки на ЕУ, без Велика Британија, кој ќе се одржи во Братислава на 16 септември, каде ќе можат да се разгледаат „реалните стравови кои ги почувствувале британските граѓани“ и поради кои дојде до Брегзитот.
Фицо оцени дека луѓето во ЕУ чувствуваат страв од миграцијата поради можно губење на културниот идентитет, како и од тероризмот поради ослабувачкото чувство на безбедност од еконосмките проблеми.
Словачка во наредните шест месеци е претседавач со ЕУ и според Фицо, една од главните теми треба да биде изниот однос со Велика Британија.
- ЕУ не е совршена, но има смисла, а пред се нема алтернатива, рече словачкиот премиер.
Тој потсети дека приоритет на словачкото претседателство ќе биде единствен дигитален пазар, унија на капитални пазари, довршување на банкарската или енергетската унија.
Во врска со миграциската криза повтори дека основен приоритет ќе биде заштита на надворешните граници на ЕУ, безбедност и функционалноста на Шенгенот, како и отстранување на причините за миграцијата.
Ново на Сител
-
Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег
-
Состојба на патишта
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок