„Фич“ го задржа кредитниот рејтинг за Македонија, но прогнозираше понизок раст
Кредитната рејтинг агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ+. Во извештајот се наведува дека ваквата оцена е поткрепена со кредибилните и конзистентни политики, поддржани од долгогодишната стабилност на девизниот курс на денарот.
Сепак, Фич ги намали проекциите за раст на економијата во земјава, од 4,3% на 2,8%. Во извештајот се наведува дека и Македонија ги чувствува последиците од руско-украинскиот конфликт, кој и натаму ќе биде причина за раст на цените на основните производи и на енергенсите. А, тие сочинуваат над 50 отсто од потрошувачката кошничка.
Од „Фич“ оценуваат дека банкарскиот сектор остана силен покрај пандемискиот шок. Банкарскиот систем е во добра кондиција за да продолжи да овозможува силна кредитна поддршка на економијата.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда