ФИБА турнир Скопје 2023: Двојна победа на македонските селекции над Косово
Македонските кадетски кошаркарски репрезентации во машка и женска конкуренција забележаа синоќа победи над соодветните селекции на Косово во рамки на 2. коло на ФИБА развојниот турнир „Заедно до 16“ што се игра во Скопје.
Во пресметката на женските селекции, македонските кошаркарки забележаа убедлив триумф над Косово со 73-24 во дуел во кој избраничките на селекторот Горан Крстевски имаа апсолутна доминација на паркетот во СРЦ „Кале“.
Најефикасна во македонските редови беше Колева со 17 поени.
На машкиот турнир, македонските кошаркари ја извојуваа и втората победа, совладувајќи ја убедливо селекцијата на Косово со 72-57.
Најефикасен во македонските редови беше Бошковски со 15 поени.
Во третото коло од турнирот во Скопје, двете македонски селекции се слободни, а натпреварувањето го продолжуваат в сабота против селекциите на Турција.
Ново на Сител
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница
-
Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
-
Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето
-
Станиќ: Примивме гол од невнимание
-
Карачиќ: Не е лесно да се игра во Битола
-
Гатузо: Против Израел не одигравме во најдобра форма
-
Кузмановски: Сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите
-
Кос: Го осудуваме насилството во Србија и повикуваме на намалување на тензиите