Кошарка
21. September 2017 - 20:22

ФИБА Европа куп: Убедлив пораз на Работнички во Перм

Кошаркарите на Работнички го загубија првиот натпревар од 1.коло од ФИБА Европа купот. Тие на гостувањето во Перм се поразени од Парма со 88:63 (24:17; 17:16; 27:15 и 20:15). 
Руската екипа ја потврди улогата фаворит и ја искористи предноста на домашен терен за убедлива победа. Најефикасен кај Парма беше Гејнс со 23 поени, додека кај Работнички најефикасен беше бугарскиот интернационалец Чавдар Костов со 22 поена.
реванш дуелот се игра на 27.септември во Скопје.