ФИА го казнува Фетел?!
Меѓународната автомобилска федерација(ФИА) покрена во среда истрага против возачот на Ферари Себастијан Фетел, откако намерно се судри со Луис Хамилтон од Мерцедес за време на трката за Големата награда на Азербејџан.
Фетел за време на трката во Баку минатата недела намерно се судри со Хамилтон во време кога безбедносното возило беше на патеката, што е забрането.
Германецот за време на трката беше казнет со 10 секунди, а ФИА денеска покрена истрага и ќе одлучи дали дополнително ќе го казни четирикратниот светски првак.
Фетел по трката го обвини Хамилтон дека намерно сопирал и ги тестирал сопирачките.
Но, според податоците од болидот на Хамилтон, утврдено е дека тој не се однесувал невообичаено.
Фетел трката ја заврши на четвртото, а Хамилтон на петтото место.
ФИА минатиот октомври го предупреди Фетел на неговото однесување, откако Германецот за време на трка во жолчна расправа преку радио го опцу директорот на ФИА, Чарли Вајтинг.
Во генералниот пласман на возачи во шампионатот на Формула 1, Фетел е прв со 14 бодови предност пред Хамилтон
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите