Фудбал
6. February 2017 - 16:18

ФФМ закажа пријателска во март со Белорусија

Македонската А репрезентација на 28. март ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Белорусија на Националната арена во Скопје.
Најдобрата македонска репрезентација на 24. март со натпреварот на гостински терен против Лихтенштајн го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија, а четири дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Белорусија на Националната арена во Скопје.
 
Македонија и Белорусија беа во иста квалификациска група за пласман на ЕП 2016 година, противникот славеше во Скопје со 2:1, во Минск одигравме без голови.
 
Во својата квалификациска група за пласман на Светското првенство во Русија, Белорусија одигра 0:0 против Франција и 1:1 против Луксембург на домашен терен, а запиша порази од Бугарија и Холандија на гостински терен.
 
Натпреварот Македонија - Белорусија на 28. март е закажан во 18:00 часот.