Фудбал
14. December 2016 - 14:27

ФФМ утре ги прогласува најдобрите

Утревечер во новиот објект на МНТ (19ч) Фудбалската федерација на Македонија ќе ги прогласи најдобрите во Мак-фудбалот. 

Лауреати се  Илија Несторовски и Бесарт Ибраими додека тренерската награда ќе му припадне на селекторот на младата репрезентација на Македонија која обезбеди пласман на ЕП во Полска, Благоја Милевски. За младите репрезентативци е предвидена специјална награда додека Елиф Елмас ќе го добие признанието најдобар млад фудбалер. 

НАЈДОБРИ ПО КАТЕГОРИИ
НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО СТРАНСТВО:
 Илија Несторовски (Интер З., Палермо)
НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО ПМФЛ: Бесарт Ибраими (Шкендија)
НАЈДОБАР ТРЕНЕР: Благоја Милевски
НАЈДОБАР МЛАД ИГРАЧ: Елиф Елмас (Работнички)
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МЛАДИ КАТЕГОРИИ: Југослав Тренчовски (Ак. Пандев)
НАЈДОБРА ЕКИПА ВО МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА: ФК Вардар
ФУДБАЛСКИ РАБОТНИК: Сергеј Самсоненко
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ФУТСАЛ: Иван Божовиќ (Железарец).
НАЈДОБАР СУДИЈА: Димитар Мечкаровски