-->
-->
ФФМ: Постапка против ФК Шкендија
-->
Комисијата за Дисциплина при ФФМ ги донесе следните одлуки:
–Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Шкендија“ од Тетово поради:
а) недолично однесување на навивачката група “Балисти“ во текот на целиот натпревар,
б) употреба на пиротехника од страна на навивачката група “Балисти“
в)предизвикување на материјална штета на автобусот на гостинската екипа на натпреварот од второ коло Прва МФЛ : Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“ Вардар “ одигран на ден 16.08.2015 во 17,30 часот на стадионот на ФК Башкими во Куманово. Се задолжува овластено лице лица на Ф.К.“Шкендија“ од Тетово да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани. Во рамките од второто коло во дербито во Куманово составот на Вардар славеше со резултат 1:3 против Шкендија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?