Февруарската инфлација во Албанија е 7,1 отсто
Во Албанија инфлацијата, покажа знаци на забавување и во февруари годинава, што е четврт месец по ред нивото од кога бележи благо опаѓање.
Институтот за статистика (ИНСТАТ) денеска го објави индексот на трошоците на животот, според кој промената на цените на потрошувачката во февруари изнесува 7,1 отсто, наспроти 3,9 отсто колку што изнесувала истиот месец минатата година.
-Во однос на февруари 2022 година, најголем пораст на цените е забележан во групата „Храна и безалкохолни пијалаци“ со 13,5 отсто, потоа во групата „мебел, апарати за домаќинство и одржување на домот“ со 6,9, „хотели, кафулиња и ресторани“ со 5,5 отсто, „алкохолни пијалаци и тутун“ со 5,1, „облека и обувки“ со 4,4, „забава и култура“ со 3,4, „разни стоки и услуги“ со 3,2, „кирија, вода, гориво и енергија“ со 3,1, „образовна услуга“ со 2,3, „транспорт“ со 1,7, „комуникација“ со 1,2 и „здравство“ со 1 отсто, јави државната агенција АТА.
Во групата на прехранбени производи, цените на подгрупата „млеко, сирење и јајца“ се зголемени за 28 отсто, потоа во подгрупите „масла и масти“ за 17.4 „риба“ за 16.3 „леб и жито“ за 15.2 , „месо“ со 13,8 „шеќер, џем, мед, чоколадо и печива“ со 13,2 , „зеленчук вклучувајќи и компири“ со 9,6 отсто итн.
Највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува. Така, во ноември беше 7,9 во декември 7,4 и во јануари 7,2 отсто.
Ново на Сител
-
Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер
-
Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман
-
Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно
-
САД и Јужна Кореја напредуваат кон договор за елиминирање на царините
-
Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974
-
Студенстки штафетен маратон на студенти до Брисел со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во државата
-
Истрага за насилство од 19-годишник во Кисела Вода
-
Лавров: Мировниот договор за Украина сè уште треба да се „дотерува“