Фестивалот „Скупи“ завршува со претставата „Жозефина“ на театар од Белгија

Десеттиот театарски фестивал „Скупи“ вечер ќе заврши со претставата „Жозефина“ на белгискиот театар „Шаливате“.
Фестивалот посочува дека актерите во „Жозефина“ користејќи го говорот на телото раскажуваат приказна за маж и жена чии патишта се вкрстуваат, а изразните средства користени во претставата имаат за цел да го наведат гледачот да биде воден од своите чувства и преку нив да ја одгатне таа врска.
- Од приспомнување до вознемирувачки соништа, од распрскани спомен и до опсесивна желба, реалноста и фантазијата се претлетуваат на сцената. Телото и зборот интимно се поврзуваат, меѓусебно си влијаат и се трансформираат. Дијалогот помеѓу телото и зборот, поетски и физички, ја изразува визуелната моќ на текстот, соопшти организаторот на шестдневниот фестивалот кој ќе заврши вечер.
Ново на Сител
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
