Фестивал на изведувачки уметности и добри практики во МКЦ

Фестивал на изведувачки уметности и добри практики на тема „Бидете креативни, бидете интерактивни, бидете интеретнички“ ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар во Скопје.
Фестивалот е резултат на четиригодишните креативни работилници на средношколци од Македонија во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и има за цел да го зајакне учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и да ја зголеми граѓанската свест и почитувањето на човековите права меѓу младите во Македонија.
Фестивалот ќе понуди богата едукативна и забавна програма, а ќе бидат презентирани примери и добри практики на неформално образование, можности за креативно изразување, како и начини на директна работа со младите.
- На Фестивалот ги покануваме сите граѓани да дојдат и да видат добри практики и добри примери во рамки на училиштата затоа што тие практики сакаме во јавноста да ги споделиме и да дознае дека имаме навистина потенцијал кај младите кои тоа го истражуваат. Ќе има можност на Фестивалот да видите како младите преку тие креативни процеси можат заедно да соработуваат, да комуницираат и да продолжат да живеат заедно, истакна Џевахире Пруси Зајази, координатор за информирање на јавноста и заедниците во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Фестивалот го организира Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование.
Ново на Сител
-

Во поплавите во Непал 469 жртви, повеќе од 1.300 лица се водат како исчезнати
-

Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
-

Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
-

Сончево и топло, попладне услови за изолиpанa нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветeр
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
