-->
-->
Феликс го освои 9. мундијалски медал
-->
Американката Алисон Феликс го освои златниот медал на трката на 400 метри на Светското првенство во Пекинг. Феликс го освои првиот златен медал во оваа дисциплина, а вкупно деветти на светските првенства, со што стана рекордерка на САД.
Феликс во финалето патеката од 400 метри ја претрча со време од 49,26 секунди, оставајќи ги зад себе конкурентките, Шауне Милер од Бахамите (49,67) и Шерика Џексон од Јамајка (49,99).
На стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг, Феликс стана првата жена која ги освојувала светските титули на 200 и 400 метри. Американката трипати во кариерата била светска првенка на 200 метри, има еден златен медал од Олимписките игри, а останатите медали ги освојувала во штафетните трки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард