Фејскини е најбизарниот изум до сега

Иако е исклучително популарен во Кина, фејскини на жителите на другите краишта во светот им делува многу застрашувачки.
Додека потемнетиот тен на Запад претставува идеал, во Азија исклучително се цени светлиот тен. Кинеските за да останат бели и во текот на летото изумија фејскини. Тоа е парче ткаенина која го штити лицето од потемнување на сонце, од алги и од каснување од медузи. Го изумил Џанг Шифан од Кингдаа во 2004 година, пишува „Лонли планет”.
Фејскини целосно го покрива лицето и вратот, а исклучок се само отворите за очите, устата и носот. И додека во Кина претставува сосема вообичаена глетка (истото важи и за носење на чадор по сончево време), во другите делови на светот не е многу пријатен призор бидејќи потсетува на маските кои ги носат криминалците.
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
