Фејсбук воведува нова промена која со сигурност ќе ни оди на нерви!
Фејсбук најави големи промени на својата видео платформа, вклучувајќи и опцијата која автоматски ги пушта видеата со звук.
Тоа значи дека доколку корисникот не го исклучил звукот на телефонот или оваа опција директно во подесувањања, секое видео во фидот за новости автоматски ќе се пушта заедно со звук.
До сега сите видеа на Фејсбук се пуштаа сами, но звукот беше исклучен.
Фејсбук оваа опција ја тестираше во август минатата година, но од компанијата наведуваат дека звукот од видеата на Фејсбук нема да се меша со звукот кој доаѓа од други апликации.
- Ќе го почитуваме подесувањето на звукот кое корисникот го има на својот телефон - изјавиле од Фејсбук.
Фејсбук се надева дека со оваа одлука ќе допринесат неговите корисници повеќе внимание да посветат на видеата на оваа социјална мрежа.
Ново на Сител
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?