Фејсбук со појасни правила за употреба на личните податоци на барање на ЕУ

На барање на Европската Комисија и на националните власти задолжени за заштита на потрошувачите во ЕУ, Фејсбук ќе воведе измени во своите правила и начинот на кој ги експлоатира податоците на корисниците.
Еврокомесарката за правда, Вера Јурова ги поздрави напорите на социјалната мрежа да се усогласи со европското законодавство за заштита на потрошувачите.
-Денеска Фејсбук конечно покажа посветеност кон повеќе транспарентност и јасен речник во своите правила за употреба. Компанија која сака да ја врати довербата на корисниците по скандалот Фејсбук/Кембриџ Аналитика не треба да се крие зад комплициран правен жаргон за тоа како заработува милиони од податоците на корисниците, изјави Јурова.
По скандалот со злоупотребата на личните податоци на корисниците во политички цели од страна на консултантската фирма Кембриџ Аналитика преку апликации на Фејсбук, Европската Комисија побара од социјалната мрежа да преземе мерки и да користи речник разбирлив за сите.
На пример, од сега Фејсбук јасно ќе информира дека бизнис моделот на мрежата се заснова врз продавање таргетирани рекламни услуги преку информациите од личните профили на корисниците.
Во случај на злоупотреба на податоците на корисниците од трети страни, Фејсбук ќе преземе одговорност.
Друга предвидена измена се однесува на моќта на мрежата да ги менува условите на користење унилатерално, од сега таа ова ќе смее да го прави во „разумна“ мера и земајќи го предвид интересот на корисниците.
А, ќе се менува и правото на Фејсбук да ги задржува содржините избришани од страна на корисниците, од сега тоа ќе може да се случува само ако за тоа има посебна причина, како на пример полициска истрага, и не повеќе од 90 дена.
Сите измени треба да стапат на сила до крајот на јуни оваа година, под мониторинг на националните власти во ЕУ, во спротивно Фејсбук ќе се соочи со можни финансиски санкции.
Ново на Сител
-

Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
-

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника
-

Одбележан Денот на јавната администрација, признанија за АХВ, трансфорамција и акредитација
-

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“
-

Преглед на вестите од светот
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
