„Фејсбук“ преплавен со објави од спам коментари за познати личности

Илјадници „Фејсбук“ корисници пријавиле дека нивниот профил е хакиран, а многу корисници информираат дека нивниот „њусфид“ е преплавен со објави од спам коментари за познати личности.
Корисниците на Фејсбук на оваа и на други социјални мрежи пишуваат дека нивниот њусфид утрово бил преплавен со стотици објави од непознати луѓе и никој не разбира што се случува.
На корисниците на Фејсбук утрово им се прикажува што објавуваат непознати луѓе на страниците на познати личности како Тејлор Свифт, Еминем или Гордон Ремзи. Така, корисниците утрово на својот „њусфид“ гледаат што екипа од Африка или Индија објавува на страниците на познатите личности.
„Фејсбук“ не се огласи за да го објасни проблемот, но „Твитер“ е преполн со објави од луѓе кои се обидуваат да дешифрираат што се случува на „Фејсбук“.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
