Фејсбук отстрани реклами на Трамп поради говор на омраза
Некои реклами од изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп се отстранети од неговата страница на Фејсбук поради кршење на политиката за говор на омраза на таа социјална мрежа.
Во рекламите се напаѓаат луѓе, кои кампањата на Трамп ги нарече „опасни банди или ултрадесничарски групи“. Кампањата на Трамп овие луѓе ги означи со превертен триаголник.
Вчера, Лигата против клевета лига објави дека знакот е идентичен со оној што го користеле нацистите за класифицирање на политичарите во концентрационите логори.
– Ги отстранивме овие објави и реклами, бидејќи тие ја кршат нашата политика против организирана омраза. Нашата политика забранува употреба на забранети симболи на омраза кои идентификуваат политички затвореници без контекст во кој тие се дискутираат или осудуваат, изјави за Си Ен Ен портпаролот на Фејсбук Енди Стоун.
Рекламите беа насочени кон Антифа и ги повикаа гласачите на Трамп да го поддржат претседателот за да ја прогласат Антифа за терористичка организација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници