Фејсбук отстрани десетици илјади лажни профили пред изборите во Германија
Социјалната мрежа Фејсбук, неколку недели пред парламентарните избори во Германија, кои се одржаа на 24 септември, отстрани десетици илјади лажни профили регистрирани во Федералната Република, изјави портпаролот на Фејсбук, Ричард Ален.
- По извештаите за странско мешање во претседателските избори во САД и во Франција, соработувавме со германските власти за неколку иницијативи за борба против дезинформации за да го направиме Фејсбук побезбедна средина за природно вклучување на граѓаните во општествениот живот, рече Ален.
За да се спречи злоупотреба на платформата, тој посочи дека почнале нова иницијатива за отстранување лажни профили за сомнителни активности.
Претходно, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека нема никакви траги од мешање во исходот на резултатите на германските избори преку социјалната мрежа.
Ново на Сител
-
За семејните вредности - собири во Скопје и во Битола
-
Селекторот Бајиќ побара федерацијата да ги обезбеди најдобрите за следните квалификациски средби
-
Тема на денот со историчарот и аналитичар Стефан Дечев
-
Зголемен број колабирања поради високите температури
-
Петков: Направивме нешто извонредно, Брисел ги прифати позициите на Бугарија
-
Османи: Само едно прашање е спорно од францускиот предлог а тоа е протоколот
-
ВМРО-ДПМНЕ и денеска бара оставки, СДСМ ја обвинува опозицијата за рушење на позициите
-
Незапаметено невреме во Делчево