Фејсбук ќе ги брише лажните вести за политичарите

По обвинувањата на германски политичари дека Русија подготвува хакерски напади врз германската јавност во пресрет на федераните парламентарни избори наредната година, претставници на повеќе партии бараат социјалната мрежа Фејсбук да преземе акции против ширење на лажни вести и бришење на псотови во кои се манипулира со потенцијалните гласачи.
Како што пренесува дописниот на МИА од Берлин, германски политичари бараат да се засилат казните за тие што шират дезинформации и со тоа ја доведуваат во заблуда германската јавност.
Заменик координаторот со парламентарната група на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Бундестагот, Томас Оперман за германските медиуми вели дека владејачката коалиција ќе ги искористи сите правни механизми за да се бори против измислени извештаи, конспиративни терории, омраза и субверзивни активности на интернет.
Тоа, според Оперман, вклучува и притисок кон Фејсбук за брзо бришење на лажни извештаи од својата платформа.
Пратеникот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, Патрик Сенсбург тврди дека треба да бидат казнети сите дезинформации кои имаат за цел да ја дестабилизираат земјата.
Предходно и канцеларката Меркел и вицеканцеларот Зигмар Габриел предупредија од активности на т.н, „социјални ботови“, кои шират лажни вести на интернет.
За разлика од говорот на омраза кој релативно лесно може да се санкционира согласно германските закони и постоечки механизми, проблемот со лажните вести на социјалните мрежи е што за нив нема соодветна легислатива, а често пати се преплетува со индивидуалните права и слободи и правото на слобода на изразување.
Дел од лажните и манипулативни вести прво се постираат како мислење на индивидуалци, што е дозволено со германските закони, за потоа тие да се дистрибуираат преку социјаните мрежи како вистински вести што има сериозно влијание на германската јавност.
Ново на Сител
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
