Фејсбук ја укина апликацијатa „Кој ме избришал“
Се што е убаво, кратко трае, вели поговорка, која се покажа како точна и во случајот со апликациајта „Кој ме избришал“ на Фејсбук.
- Драги корисници, за жал, апликацијата „Кој ме избришал“ на барање на Фејсбук повеќе не е достапна на ниту една платформа, објави програмерот на оваа апликација Антонио Куске.
Апликацијата беше дизајнирана со цел да обебзеди информација за корисниците на Фејсбук за сите оние што ги избришале од листата на пријатели. За многу кратоко време апликацијата стана многу популарна, но нејзиниот „рок на траење“ беше кус.
- Дури и ако сте ја симнале апликацијата, таа повеќе не е во функција. Ова требаше да биде корисен алат за подобрување на искуствата на корисниците на Фејсбук, но Фејсбук не го делеше тоа мислење, ја појасни Куске причината за отстранувањето на апликацијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка