-->
-->
Федерер ќе го прескокне Ролан Гарос оваа година
-->
Швајцарецот Рожер Федерер победникот на Ролан Гарос од 2009 година објави дека ќе го пропушти годинашниов Грен Слем турнир во Париз. Ролан Гарос ќе се игра од 22 мај до 11 јуни.
Петтиот светски рекет во соопштението испратено до јавноста изјави:
- Мислам дека е најдобро да ја „прескокнам“ сезоната на земјена подлога и да се подготвам за тревната и тврда подлога. Дојдов до заклучок дека играњето на „земја“ не е во интерес на мојот тенис и на физичката подготовка за другиот дел од сезоната. Се радувам на учеството на Ролан Гарос следната година.
Федерер е најуспешниот тенисер по бројот на освоени Грен слем турнири. Има вкупно 18, а на земјена подлога само еден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми