-->
-->
ФЕД куп: Македонија поразена од Финска (3-0)
-->
Женската тениска репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз во групата на ФЕД купот од Третата Евро-африканска зона. Македонија денеска загуби од фаворитот во групата Финска, која со денешниот триумф го освои првото место во групата.
Во првиот меч Ора Орпана ја победи Викторија Веселинова со 6-1 и 6-0 во сетови. Во вториот меч Миа Никол Еклунд беше подобра од Нора Христовска со 6-2 и 6-2, додека во мечот во двојки Еклунд и Ема Лаине ги победија Веселинова и Христовска со 6-4 и -2.
Поради повреда добиена во првиот меч со Тунис, Катарина маринковиќ не е во можност да настапи.
Македонија во рамките од групата загуби од Тунис со 3:0 и од Финска со истиот резултат, а постогна победа над Камерун со 3:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци