Тенис
15. November 2015 - 16:57

ФЕД куп - финале: По сингл мечевите Чешка - Русија 2:2

Во финалето на ФЕД купот што се игра во Прага меѓу Чешка и Русија по сингл мечевите резултатот е 2-2.

По вчерашните 1-1, денеска во првиот меч Марија Шарапова ја победи Петра Квитова со 2:1 во сетови и Русија поведе со 2:1, а потоа Катарина Плишкова ја совлада Анастасија Павличенкова со 2:0 во сетови за изедначување.

За шампионскиот пехар ќе решава мечот во двојки Сафарова/Стрицова (Чешка) и Павличенкова/Веснина (Русија).