ФДА одобри засилувачки дози од вакцините на Модерна и Џонсон и Џонсон
– Американската Управа за храна и лекови (ФДА) одобри засилувачка доза на вакцини произведени од Модерна и Џонсон и Џонсон и нагласи дека како дополнителна доза може да се прими вакцина што се разликува од онаа што претходно е примена.
Одлуката го отвора патот за милиони луѓе во САД да добијат дополнителна заштита од варијантата Делта, што предизвикува инфекции кај некои луѓе кои се целосно вакцинирани.
Федералниот регулатор објави стратегија за комбинирање на вакцини денеска, во момент кога официјално ги одобри засилувачите за вакцините од компаниите Модерна и Џонсон и Џонсон. Пред околу еден месец ФДА одобри засилувачка доза од вакцината на Фајзер/БиоНТек.
Одлуката да се дозволат дополнителни дози на вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон следеше по студија објавена минатата недела од Националниот институт за здравство.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори