Свет
30. August 2016 - 9:15

ФБИ уапси маж од Масачусетс кој имал намера да го убие Барак Обама

ФБИ уапси жител на американската држава Масачусетс, осомничен дека имал намера да го убие претседателот Барак Обама, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Фокс њуз.

Според агенцијата, Џозеф Гаргало планирал да го убие Обама за време на неговиот неодамнешен одмор на островот Мартас Винард.

Мажот бил уапсен на 27 август, а при претресот на неговиот дом биле пронајдени огнено и ладно оружје, муниција и експлозиви.

ФБИ добило информација за Гаргало и од јули почнало да го следи и набљудува.