Фазлиу: Владата отворена за барањата од граѓаните за улогата на месната самоуправа
Владата на Република Македонија и Министерството за локална самоуправа се отворени за барањата што произлегуваат директно од граѓаните за преиспитување на улогата и местото на месната самоуправа во системот на локалната самоуправа, порача денеска министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на завршната конференција „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници – Предизвиците и препраките за во иднина“.
- Во моментов може да се констатира дека има месни и урбани заедници што функционираат, но секоја на свој начин. Во голем дел нивната функционалност зависи од подготвеноста на општината да го организира и дефинира начинот на нивно функционирање во статутот на општината. Прашањето е актуелно, индиректно ги засега сите граѓани како можност за директно адресирање на прашањата до локалната власт, но и како начин за активно вклучување во нивното решавање, рече министерот Фазлиу,
Тој најави дека Министерството за локална самоуправа ќе подготви и сопствена анализа, притоа имајќи ги предвид направенита експертиза од граѓанскиот сектор и добрите пракси од функционалните месни и урбани заедници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат