Фаучи: Се сомневам во руската и кинеската вакцина
Американскиот имунолог Ентони Фаучи изрази сомнеж за безбедноста на вакцините за Ковид-19 што во моментот се испитуваат во Русија и во Кина.
– Навистина се надевам дека Кинезите и Русите ќе ги тестираат своите вакцини пред на некога да ги дадат. Да се каже дека има вакцина подготвена за дистрибуција пред да биде тестирана за мене е нешто проблематично, да не кажам нешто повеќе, истакна Фаучи вчера пред Конгресот.
Директорот на американскиот Институт за заразни болести додаде дека САД за вакцината не треба да се потпираат на другите држави.
Русија изминатите денови соопшти дека се надева оти од септември или октомври ќе почне со индустриско производство на две вакцини против новиот коронавирус , но не објави научни податоци кои ја потврдуваат нивната безбедноста и ефикасноста.
Неколку проекти за вакцина имаат охрабрувачки резултати, а помеѓу нив е и една кинеска, на која заеднички работат Институтот за воени истражувања и фармацевстката група „КанСино билоџикс“. Кинеската армија кон крајот на јуни одобри употреба на вакцината во своите редови, иако се уште не почнала завршната фаза за нејзино тестирање.
Во западните земји се развиваат тро вакцини, кои се во првата фаза од клиничкото испитување врз човекот.
Ново на Сител
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи