Фаучи апелираше до вакцинираните Американци да примат трета доза од вакцината
– Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи повика милиони Американци кои веќе биле целосно вакцинирани против коронавирус да примат трета доза од вакцината за да одржат оптимална заштита од вирусот.
Според податоци од владините Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани лица во САД, 34,5 милиони досега добиле дополнителна доза, додека околу 60 милиони луѓе се невакцинирани.
Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и главен медицински советник на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека „нема нејаснотии“ кога станува збор за потребата да се прими трета доза поради намалената ефикасност на првите дози од вакцината која доаѓа со тек на време.
Експертот рече дека третата доза од вакцината им дава на луѓето „подолг период на заштита“, иако не е јасно дали оние кои биле вакцинирани можеби ќе треба да продолжат да примаат дополнителни дози на секои шест месеци или една година.
– Ќе анализираме што значи тоа кога ќе се добие дополнителна доза, ќе ја следиме науката, рече Фаучи.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
