Свет
21. February 2021 - 21:33

Фаучи: Американците можеби ќе носат маски и во 2022 година

Американскиот имунолог Ентони Фаучи изјави денеска дека е можно Американците да носат заштитни маски и во текот на 2022 година.

Тој во интервју за Си Ен Ен истакна дека мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе бидат во голема мерка релаксирани со бројот на вакцинираните лица.