Македонија
16. December 2016 - 13:46

Фатиме без аргументи цел на потсмев во судницата

 
Смеа на присутните на настапот на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.
 
Тотално боса и со дузина опомени од судијката, Фетаи покажа дека е целосно неподготвена за расправата и покажа класично непознавање на процедурите.
 
На прашање на судијката, Фетаи не знаeше колкав број на предмети добила од обвинителството во рацете на СЈО. Судијката Татјана Михајлова три пати ја опомена Фетаи и ја предупреди дека ќе ја казни и отстрани од судницата.
 
Поради типични излетувања во нејзините искази, специјалната обвинителка стана цел на потсмев во судницата, на што се пожали дека не било коректно што дел од присутната јавност се смешкала кога таа говорела.
 
Фетаи денеска во судницата покажа еклатантно непознавање на процедурите и законските правила, таа не знаеше дали се работи за подготвителна расправа или за главен претрес.