Фатени рибокрадци и недозволен риболовен алат на Црн Дрим
Повеќе од еден километар мрежи и недозволен риболовен алат, како и 12 рибокрадци затекнал концесионерот на риболовниот ревир во реката Црн Дрим 1, ЗРСК Пастрмка од Струга.
Како што соопшти денеска концесионерот, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, во акциите за заштита на рибите кои се мрестат бил нападнат и рибочувар на ЗРСК Пастрмка.
- Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и слично, затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против нив се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар при ЗРСК Пастрмка - Струга, за што реагираше и МВР и ќе биде побарана кривична одговорност за сторителот, информира концесионерот на риболовниот ревир во реката Црн Дрим 1.
Концесионерот најави дека во соработка со Инспекторатот ќе продолжи со реализација на акциите за спречување на рибокрадство и риболов во забрана за мрест.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз