-->
-->
Фатени на дело две лица кои краделе гориво од вагони во Трубарево
-->

На 28.12.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К.(58) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, при вршење на кривично дело „тешка кражба”, соопшти полицијата.
Двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво. Тие биле лишени од слобода, а украденото гориво било вратено на оштетената фирма. По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
