Фатени крадците на сефот од ТА „Авто Атом“ Кочани
Полицијата ги приведе четворицата скопјени кои вчера извршиле кражба на сеф од ТА „Авто Атом“ Кочани.
- СВР Штип по преземени мерки и дејствија откри и приведе четири лица: М.К.(23), Љ.Љ.(21), А.И.(22) и К.А.(24) сите од Скопје кои на вчера извршиле тешка кражба во ТА „Авто Атом“ Кочани од каде одзеле метална каса – сеф. По брзата интерванција на полицијата на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани извршен е преглед на патничкото возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки при што е пронајден одземениот сеф и лицата се приведени. Извршен е увид, запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање и документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.
Четворицата скопјани се познати извршители на вакви и слични кривични дела.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани